Известувач од Анталија, за еМагазин.мк, Силвана Жежова
Хотелите во Кемер се разликуваат од оние во Белек и Сиде, но и овде, постојат разлики во класата, бројот на ѕвезди и за кој тип на туристи се нудат.
Кемер е во „сендвич“ помеѓу планини и море, па оттука и самата местоположба влијае и врз концептите. Од семејни до бутик хотели само за возрасни, ресорти, мали хотели, понудата навистина е голема.
Морето е кристално чисто, поради ситните каменести плажи, а климата е сосема поинаква од Белек и Сиде. Се чувствува свежина во воздухот, поради близината на планините. Ова место е вистински избор за љубителите на природата. Во доцна пролет, на планините се скија, а на плажите има капачи.
Погледот од хотелите кон врвовите и морето, го прави Кемер поразличен од рамниците во Сиде и Белек.Во понудата на Фибула, има голем избор на хотели, секој од нив со различни специфики.
Најголем дел од туристите во Анталија се од Европа и Русија, а шампиони помеѓу нив се Германците. Во голем дел од хотелите тие остануваат по неколку месеци и речиси се вдомени. Трети по бројност се туристите од балканските земји.
Одличен семеен хотел, во кој има многу зеленило, паркови со тематски содржини, преубаво уредена плажа. Посебно вреди да се истакне барот на плажа, кој има прекрасен поглед на море. Белина, претопена во синило, измешана со зеленило. Секој може да си го најде сопствениот мир, бидејќи хотелот е голем и не се чувствува гужва.
Еден од фаворитите помеѓу хотелите во Кемер. Неверојатно пријатен хотел, во кој се чувствувате релаксирано. Базени за најмалите, барови за возрасните има за секого по нешто. Како и повеќето хотели, и во овој на плажата има платформа со бар, на која може да се сончате и капете во кристално чистото море. Плажата е со ситни каменчиња, и се наоѓа блиску до хотелот. Овој хотел е и еден од најбараните за македонските граѓани.
Еден од оние хотели од кои нема да сакате да си одите. Наменет само за возрасни, без детска врева, Балми е вистински избор за релаксирачки одмор. Во хотелот примаат гости, над 18 години. Отворен лани, но уникатен по својата понуда. Екстериерот и ентериерот се претопени во природата со совршен концепт и изглед. Изграден во модерен стил, топли бои, бар на плажа, базен со поглед кон планините Балми е бисер во Кемер.
Greenwood resort
Хотелот се наоѓа во регионот Гојнук, на 9 километри до Кемер, располага со вкупно 267 соби во главната зграда, анекс зграда и бунгалови. Поседува приватна плажа на 180 метри од хотелот. Во рамките на хотелот има и надворешни и внатрешни базени, детски базен (надворешен), тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, мини фудбал, пинг понг се бесплатни.
Фото/еМагазин.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во хотелите во Сиде, ќе се чувствувате како дома
(Фото) На одмор во Анталија, не го пропуштајте рафтингот во кањонот Копрулу