еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Македонија пак ќе се рекламира на CNN? Мицкоски го посети седиштето на телевизијата

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на Самитот на НАТО во Вашингтон, САД, ја посети и телевизијата CNN на која во времето кога Никола Груевски беше премиер, имаше туристичка кампања за Македонија и за нејзните економски можности.

Мицкоски, како што напиша на Фејсбук во седиштето на телевизијата, имал „продуктивна средба“ со новинарот Ричард Квест, едно од носечките и најпрепознатливите лица на американската телевизија, како и со Фил Нелсон, извршниот потпретседател на CNN.

-Направив краток брифинг за актуелната политичка состојба и позициите на Македонија и разговор за можностите за промоција на капацитетите и потенцијалите на државата на овој угледен и реномиран медиум, напиша Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Со кој сѐ се сретна Мицкоски на Самитот на НАТО во Вашингтон

(Фото) Мицкоски на вечера кај Бајден во Белата куќа

Фото: Мицкоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предупредување од Центарот за управување со кризи: Следува период со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Редакција

Манчевски: Не можеш цел живот да се занимаваш со политика, заминав бидејќи ќе го работам она што го сакам

Силвана Жежова

Апелација ја одби жалбата на Жан Митрев за блокирање на сметката на болницата

Редакција