еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Предупредување од Центарот за управување со кризи: Следува период со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Од Управата за хидрометеролошки работи известуваат дека под влијание на циклонска активност ноќеска од запад ќе се прошират врнежи од дожд, а од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд.

Утре на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час).

„Особено нестабилно ќе биде во петок кога ќе има појава на локално невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град.

Од недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.

Вкупната количина на наврнат воден талог до сабота локално ќе надмине 30 л/м2,“ велат од Центарот за управување со кризи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе Македонци се вакцинираа против Ковид-19 во Врање, отколку во Македонија

Редакција

По три недели за прв пат за 24 часа нема починат од Ковид-19 во тетовската болница

Редакција

Се враќаат повеќето авиолинии кои беа запрени поради пандемијата од Ковид-19

Редакција