Во Москва, Русија се одржа изборот за Мис на Евроазија 2024, на кој нашата држава ја претставуваше 26-годишната тетовчанка Катарина Јовановска.
Таа од Москва се враќа со титулата Трета придружничка. Овој голем успех го направи во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија. Победничка е претставничката на Узбекистан, титулата Прва придружничка ја освои Мис Турција, а Втора придружничка е убавицата од Русија.
Катарина е дел од Модното студио „Црнокрак“, кое веќе осум години ја има лиценцата за овој престижен избор за убавина. Таа на финалната вечер се претстави во креации на Елена Лука, специјално изработени за оваа прилика.
Фото: Модно студио Црнокрак
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.