Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ доби современ апарат за литотрипсија и нов апарат за мамографија со томосинтеза и стереотактична биопсија на дојка.
На Одделот за урологија, опремени се посебни простории и првпат се воведува патологија која досега не можеше да се третира во оваа установа.
Се очекува годишно да се третираат стотина пациенти со оваа патологија, кои по интервенцијата би се задржале само еден ден, или пак, истиот ден би се пуштале дома.
Новиот апарат за мамографија со томосинтеза и стереотактична биопсија на дојка е инсталиран во новиот Оддел за радиодијагностика во кој има два кабинети за дојка.
Инсталиран е и нов ултразвучен ехо колор доплер за ЕХО на дојка, со што истовремено ќе се врши мамографија и ЕХО на дојка.
Користењето на томосинтезата како дополнителна алатка при скрининг ги зголемува стапките на откривање канцерогени промени, со што се подобрува ефикасноста на програмите за скрининг за рак на дојка.
Фото: МЗ