Од Холандската амбасада информираа дека холандскиот амбасадор во Македонија, Дирк Јан Коп имал средба со лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, на која му пренел дека за неговата земја е неприфатливо да има притисок врз претседател на Врховниот суд и дека во земјава има постојан пад на владеењето на правото во последниве две години.
„Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети да му пренесе порака дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија на членството во ЕУ е во ризик ширум политичкиот спектар.
Исто така, несоодветното политичко влијание врз позицијата на претседател на Врховен суд, што е судско прашање, е неприфатливо и ќе предизвика силна реакција од Холандија“, соопштија од Амбасадата.
Фото: Холандска амбасада/Фејсбук