еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Хотели-Метропол со загуба во првиот квартал

Хотели-Метропол АД Охрид во првите три месеци од годинава остварил приходи од 6.745 илјади денари и истите гледано споредбено со 2024 година се намалени за 2%, информираше Друштвото преку Македонската берза.

-Од овие приходи на основната дејност на фирмата отпаѓаат најголем дел, односно 5.623 илјади денари за 2025 година, што покажува намалување од 15% во однос на 2024 година.

Останатите оперативни приходи  се зголемени во однос со истите од минатата година и изнесуваат 1.122 илјади денари.

Финансиските приходи се намалени во однос на 2024 година и изнесуваат 409 илјади денари.

Расходите од работењето во износ од 30.422 илјади денари, се зголемени за 11% во 2025 година во однос на истите во 2024 година.

Најголемо учество во вкупните расходи за 2025 година имаат трошоците за вработени во износ од 17.027 илјади денари, кои споредбено со 2024 година се зголемени за 11% согласно покачувањето на минималната плата и останато.

Трошоците за суровини и материјали за 2025 година во износ од 4.281 илјади денари се значајна ставка во вкупните расходи, и истите во однос на 2024 година се намалени за 5%. Финансиските расходи бележат намалување во однос на истите од претходната година за 65%.

Хотели-Метропол во периодот јануари -март 2025 година оствари негативен финансиски резултат, односно нето загуба од 23.274 илјади денари.

Со оглед на сезонскиот карактер на дејноста на хотелите, остварениот негативен финансиски резултат е во нормални рамки споредбено историски низ последните 10 календарски години и истиот како се навлегува во главната сезона се проектира да премине со позитивна вредност, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хотели-Метропол лани со добивка и зголемени приходи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сергеј Самсоненко купи акции во Жито Полог, сега поседува 19,86% од акциите

Редакција

Најавените реформи во образованието неприфатливи за Педагошкиот факултет-Скопје

Редакција

Влада: Целосна забрана за работа на кафетерии, барови, клубови, казина и обложувалници

Редакција