Цементарница Усје АД Скопје ќе дели дивиденда, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Станува збор за предлог-одлука, а според истата, вкупниот износ за распределба на дивиденда на акционерите изнесува 1.361.538.355 денари или 2.415 денари за акција.
-Добивката остварена за 2023 година да се распредели за дивиденда на акционерите во износ oд 1.098.327.991 денари и реинвестирана добивка во износ од 411.163.964 денари.
Реинвестираната добивка од 2017 година која може да се распредели во 2024 година изнесува 263.210.364 денари.
Вкупниот износ за распределба на дивиденда на акционерите изнесува 1.361.538.355 денари, стои во предлог-одлуката.
Добивката на Друштвото лани изнесува 1.509.491.955 денари.
Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2023 година е 10.06.2024 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цементарница УСЈЕ лани со раст на добивката
Константинос Николау нов в.д. директор на Цементарница УСЈЕ