еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Четири медали за Македонија на Светската олимпијада по геонауки во Пекинг

Македонското географско друштво објави дека на 17. Светска олимпијада по геонауки IESO 2024, која се одржа во Пекинг, Кина, нашите млади геонаучници освоиле еден сребрен и три бронзени медали.

Медали освоиле Ивана Атанасоска од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, општина Прилеп, Милена Ангелова од СОУ „Методија Митевски Брицо“, општина Делчево, Михаела Павловска од СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“, град Скопје и Атанас Ташкоски од СОУ „Наум Наумовски Борче“, општина Крушево.

Менторите на учениците беа проф. д-р Ивица Милевски, Институт за географија, Природно-математички факултет, Скопје и проф. д-р Свемир Горин, Институт за географија, Природно-математички факултет, Скопје.

Фото: Македонско географско друштво

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив

Редакција

„Македонија си го смени името, парите и пасошите“: Што пишуваат регионалните медиуми за ратификацијата на Договорот од Преспа

Редакција

Измената на Уставот „не е голема работа“, смета Захариева

Редакција