еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Шеф на нарко-мафија од Македонија, кој си го сменил името, уапсен на аеродромот во Женева

Маж на возраст од 30 години од Македонија, кој бил шеф на мафија, која оперира низ Европа, на 29. јануари бил уапсен на аеродромот во Женева, Швајцарија, објавија германските медиуми, без да биде откриено неговото име.

Тој се барал по потерница од 2022 година, од страна Европската Унија, а и истиот е веќе екстрадиран во Австрија, објави германскиот портал Блик.цх.

Мажот според Јавното обвинителство во Линц, Австрија, меѓудругото се сомничи дека стои зад шверц на 4 килограми хероин и 1,5 килограми кристал мет.

Се претпоставува дека за да ги прикрие трагите го сменил името и досега успешно се криел.

Во моментов се наоѓа во затвор во градот Линц.

Уапсени биле и други мажи поврзани со него.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ овозможи работилници против врсничко насилство во над 150 училишта

Редакција

(Галерија) Семејната компанија „Завар“ прослави 30 години постоење: Кога од иноксот создавате уметност

Редакција

Твитерџиите за судската пресуда за Јанкулоска: Вака како што сме тргнале, сите ќе завршиме во затвор

Редакција