еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Што би требало да претставува Новата година за православните верници

Синоќа се одржа бдение во црквата Рожедство на Пресвета Богородица со почеток во 22 часот, во центарот на Скопје, кое заврши во 2 часот по полноќ со света божествена Литургија. Црквата беше преполна со верници, кои избраа наместо на световни прослави, духовно да ја испратат старата и да ја дочекаат Новата. Да му се заблагодарат на Бога, за годината што изминува, и да изразат надеж за милост за следната.

Што всушнот Новата година би требало да претставува за православните верници, убаво објаснување има Архимандрит Рафаил Карелин:

„Новогодишната ноќ е збогување со годината што изминува, како на еден стар пријател кој делеше со нас таги и радости, а сега не остава засекогаш; Ова е средба со годината што доаѓа, која како гостин веќе тропа на портите на нашата куќа. Новата година е време на благодарност и надеж: благодарност кон Бога за Неговите милости, и надеж дека во иднина нема да се оскудни…

Новата година не учи да му благодариме на Бога за секој ден од животот, кој преку покајанието може стане ден на спасението. Годината е затворен временски круг, но духовно може да се замисли како скала, чии скалила одат горе-долу – во пребивалиштето на вечната светлина и во темнината на подземниот свет, во зависност од нашата вера и дела.

Затоа, новогодишната ноќ е испит на живеаното време. Мора да се испитаме пред нашата совест: какви грешки сме направиле, во какви гревови сме паднале, какво добро сме можеле да направиме, а што не направивме, што треба да се поправи и постигне во наредната Нова година.

Новата година е надежта дека мирот што го објавија ангелите во Витлеем ќе остане во нашите срца, како оган во кандило. Новата година е време за средба со пријателите како знак на духовно единство.

Многумина од нив веќе не се со нас: го завршија својот земен живот, пред нас на патот кон вечноста, и мораме молитвено да се сеќаваме на нив, како преку оваа молитва да можеме да ја споделиме со нив новогодишната трпеза. Љубовта е посилна од смртта. Како што очите на небото – ѕвездите – гледаат на земјата, така и очите на упокоените се насочени кон нас: тие физички не напуштија, но не беа разделени духовно со нивната љубов.

Новата година е време на размислување за смислата на животот, за вечноста и времето. Смислата и целта на животот е единство со Бога, влез во Неговата вечна светлина. А времето за христијанинот е богатство со кое се купува вечноста. Живееме во времето. Секому му е дадено временско ограничување да остане на земјата. Меѓутоа, времето, кое ни е толку познато, е всушност мистериозно и неразбирливо.

Новата година е секогаш подарок и радост. Со својата светлина ги осветлува и палатите и бедните колиби, греејќи ги срцата и на богатите и на сиромашните. Нека новогодишната радост за христијаните стане праг на иднината, трајна радост во Царството Небесно, кога времето ѝ отстапува место на вечноста!“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

еМагазин Ви посакува среќна Нова Година!

(Видео) Како беше дочекана новата 2025 година низ светот

Извор: Првославни духовни поуки од светите старци/Фото:Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тимбилдинг – активност преку која група на индивидуалци се претвора во тим

Редакција

Нема промена во мерките за влез во Грција

Редакција

Денеска сончево време, со магла по котлините

Редакција