еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Штрајкот на вработените во Фондот за здравство ставен во мирување

Штрајкот на вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) е ставен во мирување, информираа од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Македонија (УПОЗ).

„По упатеното барање од страна на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани до премиерот Талат Џафери, преовлада разумот во Владата и на вчерашната седница, донесе нов заклучок со што ја поништи претходната препорака која беше испратена до Управниот одбор и донесе нова препорака, со која се препорачува вредноста на бодот да остане иста.

Со донесената одлука на денешната седница на Управниот одбор на ФЗО, Синдикалната организација при ФЗО, членка на Синдикатот на УПОЗ донесе одлука со која штрајкот се става во мирување.

Единството помеѓу вработените во истрајноста, се со цел да не се намалат платите во износ од 21%, но и значењето на услугите кои ги нуди ФЗО, надлежните мораа да попуштат и да ја утврдат досегашната вредност на бодот.

Битката е добиена, но не и војната, а по 31. мај очекуваме одлуката за вредноста на бодот да остане иста, во спротивно штрајкот ќе биде повторно активиран,“ информираат од Синдикатот на УПОЗ на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата одлучи платите на вработените на Фондот за здравство да останат исти до мај

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кога ми се јави Груевски веќе имавме воспоставено контрола во Собранието, рече Чавков на судењето за „организаторите на 27 април“

Редакција

31 од новозаразените со корона вирусот немале контакт со потврден случај, едно лице неодамно патувало

Редакција

Во кои случаи се води истрага за Камчев

Редакција