Снежана Јанева и ДПТУ Јавор-транс ДОО Струмица не се повеќе акционери во Герас Цунев-трговија АД Струмица и Герас Цунев-конфекција АД Струмица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вице Заев стана мнозински сопственик во Герас Цунев-трговија и Герас Цунев-конфекција
Тие ги продадоа акциите на ДГИ Тотал инженеринг ДООЕЛ Струмица, каде управител е струмичкиот бизнисмен Вице Заев, брат на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, која веќе беше акционер над 5% во двете друштва.
Тотал инженеринг во Герас Цунев-трговија сега поседува 73,25% од вкупниот број на акции, а во Герас Цунев-конфекција, 73,30% од вкупниот број на акции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Вице Заев сака да ги преземе „Герас Цунев-трговија“ и „Герас Цунев-конфекција“
Пред неколку дена Тотал инженеринг објави намера за преземање на сите обични акции во двете друштва.
Во истите остана само уште еден акционер со над 5% од акциите, братучедот на Заев, Трајче Заев.
Во Герас Цунев-конфекција тој има 22,25% од акциите, а во Герас Цунев-трговија 22,14%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герас Цунев-трговија со загуба во третиот квартал
Герас Цунев-конфекција со добивка во третиот квартал