Во Прилепската болница ќе има вонреден инспекциски надзор, поради смртта на двете новороденчиња близначиња кои починаа пред четири дена, најави директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Кирил Лазов.
Тој денеска изјави дека веќе издал налог за надзор и оти ќе се проверува целата документација што е поврзана со нив.
Од Основно јавно обвинителство Прилеп, како што изјави јавниот обвинител Стевчо Биноски го чекаат наодот од обдукцијата на бебињата, како и документацијата од болницата и од службата за итна помош, по што ќе се бараат искази.
Едно од бебињата почина во неговиот дом во прилепското село Славеј, а другото во прилепската Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителски надзор врз семејството во кое починаа двете новороденчиња во Прилепско
Новороденчиња близначиња починаа во Прилепско, живееле во екстремно лоши услови
Новороденчињата починале поради премрзнување, велат од болницата во Прилеп
Фото: МЗ