Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 16 починати лица од Ковид-19: 6 починати лица од Скопје (61г, 67г, 78г, 83г, 89 и 89г), 3 од Струмица (70г, 79г и 80г,) по 2 починати од Охрид (69г и 85г) и Прилеп (84г и 84г) и по едно починато лице од Битола (80г), Гевгелија (64г) и Кочани (79г).
Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Битола, Куманово и Пробиштип на возраст од 67г до 88г.
Пријавените се починати во период од 6.01.2022 до 19.01.2022г. Сите пријавени се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=21), десет лица се целосно вакцинирани.
Вкупниот број на починати е 8.198.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 1.353 оздравени од Ковид-19
243 се реинфекции: 1.913 нови случаи на Ковид-19 од 7.219 тестирања
Фото: МЗ