еМагазин
Image default
Македонија

11 лица од Куманово, двајца од Липково заболени од Ковид 19, сите се од познати кластери

Центарот за јавно здравје Куманово, во последниве 24 часа регистрира 13 новозаболени лица од Ковид 19, соопштија денеска од јавната здравствена установа.

Директорот на ЦЈЗ Куманово, д-р Ариф Љатифи изјави дека 11 од новорегистрираните се од општина Куманово, двајца се од општина Липково.

-И денеска заболените се од познати кластери, изјави Љатифи.

Денеска се направени 27 тестови, од нив двa согласно епидемиолошки индикации, а 25 се контролни тестови.

Министерството за здравство, информираше дека починати се и двајца пациенти од Куманово. Во ОБ Куманово почина пациент на 51 година, примен на 14 јуни. На 19 јуни почината е пациентка од Куманово на возраст од 40 години, потврдена позитивна на 20 јуни.

МИА/Фото: Општина Куманово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир се ближи до 400 активни случаи на Ковид-19: Како изгледа бројот на заразени по скопските општини

Од корона вирусот починаа уште 5 пациенти

Во болниците низ Македонија хоспитализирани вкупно 362 пациенти со Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наставниците од септември ќе земаат за 15% поголема плата

Редакција

Македонците најблагонаклонети кон Ердоган, светот кон папата Франциск

Редакција

Притвор за екс-градоначалникот на Демир Капија: Фондација основана од Општината му ја отстапил на роднина

Редакција