еМагазин
Image default
Локално

11-месечно бебе повредено додека престојувало во градинка

Родител во СВР Скопје вчера пријавил дека неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда во градинка на подрачје на Шуто Оризари, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Синоќа во 19:50 часот во СВР Скопје, И.С. (28) од Скопје пријавил дека во текот на денот во детска градинка на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Според пријавеното, неговата сопруга ја однела нивната ќерка во градинката околу 08:00 часот и, бидејќи е во период на адаптација, ја зела во 10:00 часот. Исто така, според пријавеното, кога го донела дома и почнала да го пресоблекува, девојчето не престанувало да плаче, по што го однеле во Ургентниот центар, каде што лекар ја констатирал повредата, се наведува во соопштението на Министерството.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Таткото Имер Салиу, за медиумите изјави дека неговоро 11-месечно бебе добило скршеница на десното рамо.

Видео: 24 вести/Фото: Министерство за труд и социјална политика

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

43-годишен маж од Велес најден починат во неговиот дом

Редакција

Неексплодирана граната од Прва светска војна пронајдена при градежни работи во битолско

Редакција

Трагедија во Сарај: Татко со „мерцедес“ си го прегази двегодишното дете

Редакција