еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

13-годишно девојче загина од удар на гром на плажата Посиди на Халкидики

Грчките медиуми пренесуваат дека 13-годишно девојче загинало од удар на гром на Халкидики, на плажата Посиди.

Трагичниот настан се случил додека девојчето и нејзината мајка се шетале на плажата Мити, (‘рт Посиди).

На местото на трагедијата итно стигнала амбуланта, која го однела девојчето во здравствен центар, но лекарите не успеале да ја оживеат.

Девојчето со родителите дошла од Неа Мудања, каде што и живеат, пренесуваат локалните медиуми.

Градоначалничката на Касандра, Анастасија Халкиа изјавила дека девојчето било мокро, а можеби носела и нешто метално, што го привлекло громот.

„Се обидоа да ја реанимираат, но било предоцна,“ изјави Халкиа.

На местото на несреќата имало и студенти по медицина кои веднаш започнале со реанимација, како и волонтер со дефибрилатор.

Нејзината мајка останала неповредена, само паднала на песок кога се случил инцидентот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стапи во сила одлуката за замрзнување на цените на повеќе видови овошје и зеленчук

Редакција

Место за убиство на ракометарот Денис Тот, на обвинетите да им се суди за тепачка со смртни последици, бара одбраната

Редакција

Алелуја: Објавен тендер за чистење на линданот во ОХИС, кој со децении ги труе Скопјани

Редакција