еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

14-годишно момче загина, откако во него со автомобил удри 18-годишник

Четиринаесетгодишен мотоциклист од село Заполжани во општина Долнени  денеска загинал во сообраќајна несреќа  во која учествувало и патничко возило „опел астра“, што го управувал 18-годишен жител од истото село.

Како што соопшти МВР во полицискиот билтен, несреќата помеѓу мотоциклот „шинерај“ и возилото „опел астра“, и двете со прилепски регистарски ознаки, се случила околу 13.40 часот во долненското село Новоселани.

Малолетниот мотоцклист од добиените повреди починал на местото на несреќата. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.

МВР соопшти дека возачот на автомобилот, В.Р.(18), го напуштил местото, но набргру бил пронајден и приведен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германските компании излезот од кризата со глобалните синџири на снабдување го гледаат во земјите од Западен Балкан

Редакција

(Фото) Доктор Пановски годинeшен кум на Бадник: Одиме на подобро, уште малку трпение

Редакција

Се запали автомобил во движење на патот Чашка-Велес, за среќа нема повредени

Редакција