Патарината кај Преод ќе чини 50 денари, додека кај Кадрифаково ќе чини 70 денари на автопатот до Штип, преку Миладиновци, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.
Имајќи предвид дека цената на патарината кај Миладиновци е 40 денари, вкупната сума која што граѓаните треба да ја издвојат во еден правец е 160 денари.
„Цената на патарините се утврдува според законот, по километар 2,57 денари“, изјави Рустеми.
Во моментов на овој автопат има две големи свлечишта, за кои министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска најави санирање, но најпрво потребно е да се избере фирма на тендер, која ќе употреби соодветна мехнизација за расчистување на теренот.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.