еМагазин
Image default
Локално

160 казни за сообраќајни прекршоци во Скопје, 21 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, информираат од таму.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки. За непочитување на брзина на движење санционирани се 21 возач, осум санкции за возење без возачка дозвола, три за некористење сигурносен појас, како и четири за прекршоци што ги чинат пешаците,“ се вели во соопштението.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за управување под дејство на алкохол, една за минување на затворен сигнал (црвено светло), две за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за непрописно престигнување и обиколување.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Расте нивото на водата во Охридското Езеро

Редакција

24-годишна девојка загина во скопски Карпош, ја прегазил автомобил на пешачки

Редакција

По пет дена пронајдена скопјанка која била пријавена за исчезната

Редакција