17-годишно момче качено на цистерна-вагон доживеало струен удар, по што цистерната се запалила.
„Денеска во 14.55 часот на пругата на територија на Кисела Вода, 17-годишник од Волково, кој бил качен на цистерна-вагон, доживеал струен удар, при што цистерната се запалила.
Со возило на Итна помош, повредениот е пренесен во Ургентен центар,“ информираа од Министерството за внатрешни работи.
Фото: Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.