еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

18 од 73. пратеници кои за патни трошоци наплатиле 360.000 евра имаат станови во Скопје

Телевизијата Сител објави дека 18 од 73. пратеници кои лани за патни трошоци наплатиле 360.000 евра имаат станови во Скопје.

На списокот на пратеници кои во анкетните листови кои доставиле до Антикорупциската комисија поседуваат имоти во главниот град се главно пратеници од двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а има по еден и од НСДП, ЛДП и Алијанса за Албанците.

Дел од овие станови се лични имоти на пратениците, но има и такви кои се запишани на нивните брачни другари, родители или пак деца, објави телевизијата.

Од оваа група на пратеници со домови во Скопје најмногу пари за патни трошоци наплатила пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска. За 11 месеци добила над 550.000 денари, а поседува два стана во Скопје. Едниот се води на име на нејзиниот сопруг и е со површина од 74 метри квадратни, а другиот се води на „имот на деца“ и е 54 метри квадратни.

Следен на листата е Панчо Минов, пратеник од СДСМ. Наплатил речиси 530.000 денари, а неговата сопруга поседува стан од 96 метри квадратни во Скопје.

Меѓу сите пратеници највоочлива е Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ. Наплатила 365.000 денари за патни трошоци за патувањата на релација Скопје – Гостивар и обратно. Но во нејзиниот анкетен лист пријавени се четири стана. Сите станови се водат како имот на нејзините родители. Тие поседуваат три стана од по 50 метри квадратни и еден од 30 метри квадратни во главниот град, објави Сител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

73 пратеници за 11 месеци лани инкасирале 360.00 евра за патни трошоци, рекордери Мирче Аџиоски, Јадранка Поцкова и Сурија Рашиди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендиков се вратил во Охрид, треба да присуствува на утрешното судење

Редакција

Панделески: Не е проблем да се спогодам и јас за „Империја“, но прво Обвинителство да каже дека сум невин

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 26 пациенти, а вкупно се лекува 331

Редакција