еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 26 пациенти, а вкупно се лекува 331

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 26 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„Вкупно 331 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на Очната клиника и на ОРЛ.

Во ковид центарот на Кожната клиника биле примени четворица болни и тројца се хоспитализирани на Клиниката за Неврологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти.

На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 7 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 19 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 18 пациенти, на Клиниката за очни болести 9 пациенти, а на ОРЛ 7 болни.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 18 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 91 болен, на Клиниката за инфективни болести лежат 130 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 134 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) ВМРО-ДПМНЕ протестираше во Скопје

Редакција

Детален преглед: Бројот на активни случаи на корона вирусот во скопските општини има мало намалување

Редакција

(Видео) Во Скопје запален билборд со Арбен Таравари

Редакција