еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Галерија) ВМРО-ДПМНЕ протестираше во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа нов протест во Скопје. Со автомобили се движеа од спортскиот центар Борис Трајковски и од салата Јане Сандански до пред Владата.

Пред присутните се обратија потпретседателот на партијата, Александар Николоски, Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и проф. д-р Маја Ангеловска-Панова.

-Веќе 20-тина дена сме по македонските улици, по македонски градови и села да кажеме не на националното предавство, да кажеме не на обезличувањето на македонскиот народ. Да сме цврсти, обединети и сплотени, да не има секаде, да го шириме овој дух и оваа енергија.

Да ја чуе секој еден кој што сака да не слушне. Да допреме до секого. Да го извадиме македонското од сите наши граѓани, заеднички да си ја одбраниме државата, порача Николовски.

Тој истакна дека доколку има доблес утре целата Владата на чело со Зоран Заев треба да поднесат оставка.

Стојкова Серафимовска истакна дека создавал народот традиција и во неа ги запишал сите оние работи кои историјата ги премолчела, бидејќи друг ни ја пишувал.

– Таа традиција, фолклорот е нашата непишана архива во која Македонците ја пренесувале македонската колективна меморија. А во неа се запишани сите херои и војводи, во неа се песните за Гоце Делчев и Македонија, за Самуил, за Карев, Сандански, за Питу Гули, за Сирма војвода, за Румена војвода, за Лазар Поп Трајков, Методија Патчев, за Кузман, за Арсо војводата, за Дејан војводата, за Марко Лерински, за Чакаларов, за Стив и Ченто, и уште многу други херои кои животот го дале за Слободна Македонија, порача Стојкова Серафимовска и додаде дека во истражувањата стои дека предавството како мотив во нашите револуционерни песни е еден од најпрепознатливите белези на македонската фолклорна традиција.

Ангеловска-Панова рече дека вечерва се обраќа од позиција на нејзината професија како некој што се занимава со проучување на македонската средновековна историја и што директно е засегнат од актуелните состојби во професионална смисла.

-Секој од нас е препознатлив по делата што ги остава зад себе или како што би рекол нашиот Крсте Петков Мисирков „секој човек има и право и долг јавно да ги изразува своите разбирања за стратешките интереси на својот народ“.

Во Република Македонија се изградени научни и образовни институции кои делуваат во согласност со клучните начела на слободата на научната мисла, што го вклучува и проучувањето и афирмацијата на македонската историја, јазик, литература, култура, фолклор, рече таа во обраќањето пред Владата.

Додаде дека за жал овие принципи и придобивки во 21 век се доведуваат во прашање.

-Македонскиот народ се соочува со отворено оспорување на националната историја, јазикот и идентитетот, поконкретно со сите традиционални вредности, кои се во тесна врска со македонизмот како фундамент на нацијата и државноста.

Лимитирањето на слободата на научното творење и наметнување на „историски вистини“, е во целосна спротивност со базичните вредности на кои почиваат европските демократии. Оттаму и реакциите на интелектуалците, кои се обединуваат надпартиски со критика на ваквите оспорувања, посочи Ангеловска-Панова.

МИА/Фото: Мицкоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанството без проблеми ќе може да го вклучи во своите калкулации зголемувањето на минималната плата, смета премиерот

Редакција

Обезбедено згрижување за 11-годишното дете со церебрална парализа од Охрид

Редакција

Поради пад на температурата, грејната сезона почнува утре

Редакција