еМагазин
Image default
Бизнис

Рамковно вработените кои седеа дома и земаа плата ќе се распоредуваат во јавни претпријатија, општини и други институции

Владата на денешната редовна седница го утврди текстот на Предлог законот за преземање на административни службеници вработени преку вработени преку Програмата за соодветна и правична застапеност.

Целта на овој закон, се појаснува во соопштението од владиниот прес – центар, е да се распоредат нераспоредените административни службеници од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, вработени преку оваа програма во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и во институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје и акционерски друштва во државна сопственост.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промени во времетраењето на сертификатите внатре во Грција, за влез во земјата правилата остануваат исти

Редакција

(Видео) Мукаетов за Al Jazeera Balkans: Алкалоид за 17 години порасна за 4 и пол пати

Редакција

Од 17 до 19 мај, 11. Самит на Македонија2025 во Скопје

Редакција