еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

73 пратеници за 11 месеци лани инкасирале 360.00 евра за патни трошоци, рекордери Мирче Аџиоски, Јадранка Поцкова и Сурија Рашиди

Телевизијата Сител повикувајќи се на податоци добиени преку барање за информации од јавен карактер, објави дека 73 пратеници за 11 месеци лани инкасирале 360.00 евра за патни трошоци.

Податоците кои ги добила телевизијата покажуваат дека пратениците од владејачката СДСМ, пријавиле најмногу патни трошоци, 23 пратеници добиле 133.000 евра. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е втора, 23 пратеници побарале 132 илјада евра.

Сумите кои минатата година ги пријавиле пратениците варираат од 7.800 до 770.000 денари.

Апсолутни рекордери за оваа година се Мирче Аџиоски, Јадранка Поцкова и Сурија Рашиди. На овие пратеници на сметките им легнале од 706 до 770 илјади денари.

Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, лани дневно во просек добивал по 3.550 денари за да патува на релација Струга – Скопје.

Поцкова од истата пратеничка група, дневно во просек добивала 3.468 денари.

Рашиди од Алијанса, дневно во просек добивал по 3.254 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО прогласи вонредна состојба на глобално нив поради корона вирусот

Редакција

Меркел за Денот на независноста во дворот на Владата ќе ги слуша Тијана, Тамара и Емин Џијан

Редакција

„Макпетрол“ донира 16.500 литри млазно гориво и 8.000 литри дизел за екипите што гаснат пожари

Редакција