еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО прогласи вонредна состојба на глобално нив поради корона вирусот

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи вонредна состојба на глобално ниво, откако бројот на случаи на заболени со новиот коронавирус се зголеми за повеќе од десет пати во една недела.

СЗО соопшти дека глобалната итна ситуација претставува „вонреден случај“, што значи дека претставува ризик за другите земји и оти е неопходен координиран меѓународен одговор.

Одлуката исто така на земјите им наметнува построги критериуми во пријавување на случаи на заразата.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гребрејесус ја објави одлуката по состанокот со Одборот за итни случаи на СЗО, независен панел на експерти, по се поголемиот број докази за ширење на вирусот во 18 земји.

– Главната причина за оваа прогласување не е она што се случува во Кина, туку во другите земји, рече Гебрејесус на прес-конференција во Жeнева.

Тој додаде дека постои загриженост дека вирусот ќе се шири во земји со послаб здравствен систем.

Тој го опиша коронавирусот како епидемија без преседан, која наиде на одговор без преседан и ја пофали Кина затоа што презела исклучителни мерки за го запре ширењето на вирусот.

Гебрејесус истакна дека СЗО е против какви било мерки или ограничувања за патувања или трговија со Кина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Град на духови: Како изгледа од дрон кинескиот град Вухан кој е во карантин поради корона вирусот

Кои превентивни мерки да ги преземете за да се заштитите од корона вирусот

Фото: Darley Shen/Reuters

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчевска: Време е Македонците да го стават проблемот со Бугарија и Франција пред Советот на Европа и ООН

Редакција

Македонците не пијат нафта: Со кој памет му простивте на градоначалникот-шверцер?

Редакција

Нови 72 случаи на Ковид-19, оздравени 54 лица, дополнително пријавени двајца починати

Редакција