еМагазин
Image default
Македонија

19,9% од новозаразените со Ковид-19 се на возраст од 30 до 39 години

Податоците на Инстититутот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 2 до 8 ноември покажуваат дека најмногу заразени со Ковид-19 се на возраст од над 60 години.

„Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1543, 21,2%).

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 год (n=1452; 19,9%), 40-49 (n=1403; 19,3%), 50-59 (n=1401; 19,2%) и 20-29 (n=1090; 15,0%).

Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=120; 1,6%) и 10-19 години (n=252; 3,5%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.758 (51,6%) лица од машки и 3.522 (48,4%) од женски пол“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемување за 25,5%: За една недела 7.280 нови случаи на Ковид-19

Пет лица биле на возраст од 20 до 39 години: За една недела 127 смртни случаи од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија ќе направи сè американскиот Сенат да не донесе резолуција за Македонците, вели бугарската министерка за надворешни

Редакција

Владата и поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ апелираат да продолжи почитувањето на мерките за заштита од Ковид-19

Редакција

Завршни зборови на одбраната за „Таргет-Тврдина“, предметот за незаконското прислушување

Редакција