еМагазин
Image default
Македонија

19-годишник од Скопје без возачка дозвола превезувал мигранти

Девет мигранти и возачот 19-годишник од Скопје кој ги превезувал во патничко возило вчера на излезот од автопатот кај Демир Капија биле запрени и приведени во Полициска станица за понатамошна постапка.

Како што соопшти МВР, вчера во 17.55 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, на клучка с.Миравци, полициски службеници забележале патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.С. (61) од Скопје, а управувано од Е.И. (19) од Скопје (кој возилото го управувал без да се стекне со право за управување на возило), кое се движело со голема брзина.

– Во близина на тунелот и мостот на реката Вардар кај Демир Капија возилото застанало и од него излегле повеќе лица, по што продолжило со движење кон Демир Капија. Кога возилото се исклучило од автопатот било запрено  од полициски службеници. На местото биле затекнати девет лица-мигранти, без документи за идентификација. Возачот Е.И. и мигрантите биле приведени во Полициска станица за понатамошна постапка, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресудата за Јанкулоска на 8 октомври, поранешната министерка плачеше при завршните зборови

Редакција

Татко и син од Струмичко убиени во Швајцарија

Редакција

Фејсбук го „подбра“ Павле Богоевски: „Тие со маските немаше да влезат ако не им отвореше некој од внатре“

Редакција