еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

20-годишен македонски државјанин во Австрија регрутирал тинејџери за ИСИС

20-годишен македонски државјанин предводел група за поддршка на терористичката организација Исламска држава (ИСИС), објави австриски „Die Pressе“.

Момчето веќе издржувало петгодишна затворска казна, а по неговото ослободување во ноември минатата година, 20-годишникот повторно бил активен, регрутирајќи луѓе за ИСИС, поддржувајќи го нападот на Хамас врз Израел.

Групата регрутирала осум тинејџери на возраст од 13 до 15 години за да им се приклучат на ИСИС.

Родителите на некои од тинејџерите го пријавиле случајот, што довело до понатамошна истрага.

Во октомври, осомничениот 20-годишник повторно бил осуден, овој пат на петгодишна казна затвор поради членство во терористичка организација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 393 случаи на Ковид-19, во Скопје 187

Редакција

27-годишен затвореник од Велес починал во Идризово

Редакција

Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“

Редакција