еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

20-годишна девојка повредена во пожарот во Кочани двапати била реанимирана, сега е стабилна

Девојка на возраст од 20 години, една од 203 повредени во пожарот во т.н. дискотека во Кочани, била помеѓу потешките пациенти, а сега е на нозе и е во стабилна состојба.

По пожарот таа била два пати реанимирана, а моментално се лекува на Клиниката за пластична хирургија во Скопје, информираше министерот за здравство, Арбен Таравари.

Еднаш била реанимирана на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, а вториот пат при транспортот во странство.

„Сите пациенти кои дојдоа тоа утро беа тешки, изгорениците беа во поголем степен. Таа е реанимирана во Ургениот центар, па пренесена во КАРИЛ.

Таа е една од првите која беше пренесена во друга установа надвор од земјата. Вратена е во стабилна состојба“, рече тој.

Денеска се планира мал хируршки зафат за третирање на нејзините рани на кои сѐ уште им треба доста нега.

„Ги очекуваме сите други параметри, бидејќи беше малку покритична и некои компликации настанале за време на лекувањето, но рековме дека е стабилна и се движи. Кога ќе бидат сите анализи во ред би ја пуштиле на домашно лекување“, изјави директорката на Клиниката, д-р Јасмина Ѓоргиевска-Павловска.

Во скопските болници се уште се лекуваат девет повредени, а во странство 48.

Од пациентите во странство, двајца се во критична состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Не сум многу изгорен, бидејќи бев потрупан со луѓе“, потресно сведоштво на Јорданчо Ефтимов, повреден во пожарот во Кочани

(Видео) Роберт Божинов раскажа како бил спасен во пожарот во Кочани

(Видео) „Прво мислев дека се случила тепачка, а потоа видов чад“, Јован Костадинов и Јелена Арменска зборуваат за пожарот во Кочани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски ќе одмара во Охрид

Редакција

Замислете, во Бугарија “нема говор на омраза“

Редакција

Која е Цветанка Периќ, која е избрана за нов судија во Врховниот суд

Редакција