еМагазин
Image default
Забава

(Фото) Продолжува навивачката зимска атмосфера пред Ист Гејт Мол

Овие денови, навивачката еуфорија на фановите и вљубениците во ракометот се најголемата поддршка на македонските ракометари на Европското Првенство во ракомет 2022 во Унгарија и Словачка (Men’s EHF EURO 2022).

Пред Ист Гејт Мол посетителите на молот и фановите на македонската репрезентација, пред најголемиот ЛЕД екран во навивачка зимска атмосфера, деновиве му пркосеа на студот со развиорените знамиња, уживајќи во топлите и вкусни закуски заедно со своите пријатели и семејства.

Вечерва, 17.01.2022 (понеделник), фановите повторно ќе ја дадат својата поддршка со навивачки песни и еуфорија, навивајќи за време на следниот дуел на македонските ракометари на европското првенство со репрезентацијата на Данска, во спортската навивачка зимска зона пред Ист Гејт Мол, со почеток во 20:30 часот.

До 30.01.2022, сите фанови и љубители на ракометот имаат и единствена шанса да бидат дел од забавната спортска активност на Спорт Вижн и Интерспорт во Ист Гејт Мол, „Дај гол и добиј попуст“.

Посетителите на најголемиот шопинг центар во регионот покрај безбеден и комфорен шопинг низ пространите коридори и забавни содржини во Ист Гејт Мол, до 30.01.2022 можат да уживаат и во програмата во живо на Спортско Радио.

Видеото од навивачката еуфорија пред најголемиот ЛЕД екран пред Ист Гејт Мол во Скопје е достапно на следниот линк: facebook.com/eastgatemall.mk.

Во јануари Ист Гејт Мол е отворен секој ден од 10 до 22 часот, а во недела продавниците се отворени до 20 часот, а рестораните и баровите до 22 часот.

Во првиот месец од 2022ра, почни со шопинг, забава и уживање. Почни со Ист Гејт Мол.

Ти си центар.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Волшебникот на пијаното“ Дино Имери со рецитал во Филхармонија

Редакција

(Видео+Фото) Што ли прават Александар Ристовски – Принц и Сара Мејс?!

Редакција

(Видео/фото) Фламингата кои беа во карантин во Зоолошка добија ново живеалиште, наскоро доаѓаат и пингвини

Редакција