еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

23-годишно момче од Битола се обидело да силува две битолчанки

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор против 23-годишник, осомничен за две кривични дела полов напад и силување.

„Против осомничениот е поведена постапка, бидејќи во два одвоени настани, на 9. септември и на 7. ноември годинава, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира.

Жртвите и во двата случаи успеале самите да го оттурнат и да се ослободат, по што осомничениот бегал од местото на нападот.

Бидејќи се работи за кривично дело против половата слобода и моралот и затоа што постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би ги повторувал ваквите напади доколку остане на слобода, надлежниот јавен обвинител предложи определување притворска мерка, која од судот е прифатена“, информираше Обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Вработените во Владата и Собранието кои не „пљачкаат“ секој ден остануваат на работа“: Твитер за отказот на хигиеничарот кој фрлаше ѓубре во Вардар

Редакција

Во првите осум дена попишани вкупно 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови

Редакција

(Видео) Јавни личности со поддршка за излезност на референдумот

Редакција