еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка АД Скопје воведе промени во работењето

Согласно влегувањето во сила на новиот Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Стопанска банка АД Скопје известува за воведување на промени во работењето.

– Согласно одредбите од споменатиот Закон, се воспоставува потреба од задолжителнa идентификација на „Носител на јавнa функциja“ поради што сите постоечки и идни клиенти на банките задолжително мора да пополнат Изјава дали се носители на јавна Функција или се лица поврзани со носители на јавна функција (Политички изложени лица), по што банката врз основа на соодветна проценка на ризик одлучува за одобрување/продолжување на деловниот однос со лицето.

– Се воспоставува задолжителна идентификација и регистрација на сите физички или правни лица што сакаат да направат/извршат каква било трансакција/услуга од банката.

– Идентификацијата и верификацијата се вршат со приложување на соодветна документација издадена од надлежен државен орган (важечка лична карта/пасош за физички лица; тековна состојба не постара од 3 месеци за правни лица), а регистрацијата на новите клиенти се врши со целосно пополнета Апликација за регистрација/ажурирање на клиент (физичко и правно лице) која е достапна на веб страната на банката www.stb.com.mk.

– Се воспоставува задолжителнa идентификација и верификација на „вистински сопственик” на правно лице како задолжителен предуслов без кој банката не може да го воспостави/продолжи деловниот однос.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали за пожарот во РЕК Битола: Kомбинатот работи со еден блок, не се дозволиле дополнителни хавариски оштетувања

Редакција

Во две блок-трансакции продадени акции од „Скопски пазар“ за 84.000 евра

Редакција

Рамковно вработените кои седеа дома и земаа плата ќе се распоредуваат во јавни претпријатија, општини и други институции

Редакција