Момче на возраст од 24 години од Свети Николе синоќа загина откако со автомобил голф излетало од коловоз на автопатот Тетово-Скопје.
Се работи за лицето В.З., кое починало на лице место, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила на околу пет километри пред Тетово.
Неговото тело е предадено на обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.