еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

25-годишно момче од Битола, силувал и уценувал девојка со интимни фотографии

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 25-годишник осомничен за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 4 во врска со став 1, како и Уцена предвидено и казниво според член 259 од Кривичниот законик.

-Во периодот од декември 2023 до март 2024 година, спротивно на јасно изразената волја на оштетената 18-годишна девојка, тој ја наведувал на полови дејствија без нејзина согласност со сериозна закана дека ќе открие нешто што би ѝ наштетило на нејзината чест и углед.

Преку профил на социјална мрежа тој комуницирал со жртвата, користел нејзини интимни фотографии и се заканувал дека ќе ги сподели и ќе ги направи јавно достапни, наведувајќи ја на сексуални односи и на други полови дејствија спротивно на нејзина волја, доколку сака да ја спречи објавата на фотографиите.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Евроамбасадорот Гир: Македонија е на крстопат поради корупцијата

Редакција

Се реконструира автокампот Ливадишта во Радожда

Редакција

Скопје ја доби и втората тартан патека во Градскиот парк

Редакција