еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

28-годишна девојка загина во земјотресот кој ја погоди Босна и Херцеговина

Во земјотресот кој синоќа ја погоди Босна и Херцеговина со јачина од 5,7 степени според Рихтер, загина 28-годишна девојка од Столац, а нејзините родители и сестра полесно се повредени.

Девојката била донесена во тешка состојба, при што, и покрај обидот за реанимација, таа починала како последица на повредите.

Според информациите на босанските медиуми, од силината на земјотресот карпа се срушила врз нејзината куќа во населбата Кукавац.

Епицентарот на земјотресот бил во источната општина Љубиње, 19 километри источно од Столац.

Засега, нема пријавени други жртви, освен материјална штета на станбени згради и институции.

Овој земјотрес беше почувствуван во поголемиот дел од БиХ, Хрватска и Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје, Тетово и Гостивар го почувствуваа земјотресот што ја погоди БиХ со јачина од 5,7 степени по Рихтер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Овие што копаа тунел во Идризово, да се ангажираат за автопатот Скопје-Охрид“: Твитер реакции

Редакција

Телевизијата на Митрополитот Петар ќе се вика „Вистел“, тој не открива кој ќе ја финансира

Редакција

Каков имот пријавил Бојан Маричиќ кој ќе биде прв вицепремиер во техничката влада

Редакција