еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Дали Бугарите во војната со Украина се на вистинската страна на историјата?

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков заедно со преставници на четирите партии од владејачката партија деновие ќе оди во Киев, најави тој во интервју за Нова ТВ, откако украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба си замина разочаран од земјата, а од бугарските политичари доби само изговори зошто Бугарија не може да ѝ испрати воена помош на Украина да се одбрани од руската агресија.

„Во демократските општества, нормално е во коалиционите влади да има различни мислења, но многу е важно да бидете на вистинската страна на историјата и да донесете вистински решенија. Да се правиш неутрален значи да си на погрешната страна на историјата“, изјави Кулеба по средбите со бугарските политичари.

Тој изјави и дека бугарските политичари со кои разговарал му рекле дека Русија и Бугарија се братски народи и поради тоа не можат да ѝ помогнат на Украина.

„Од почетокот на војната чув толку многу оправдувања зошто некој не може да ѝ помогне на Украина. Тие луѓе не се искрени. Чув неколку изговори зошто Бугарија не сака да испрати воена помош на Украина. Првото беше дека треба да се зачува мирот во Бугарија, а второто беше дека Бугарија и Русија се братски народи.

Во предвечерието на Велигден сакам да кажам неколку мисли за братството. Како можете да се сметате за браќа со убијци? Како може да верувате дека некој кој убива и уништува за време на Страсната недела е ваш брат?“, ги праша Кулеба бугарските политичари.

Власта во Бугарија е поделена околу прашањето за доделување воена помош на Украина, па така, партијата на Петков е за, партијата на шоуменот Слави Трифонов, Има таков народ исто така, како и Демократска Бугарија од каде најавија дека доколку не се испрати воена помош, тоа може да доведе до нивно повлекување од владејачката коалиција, а против е Бугарската социјалистичка партија на вицепремиерката Корнелија Нинова, која смета дека доколку се даде оружје, конфликтот дополнително ќе ескалирал.

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, пак, изјави дека Кулеба три-четири дена се шетал како сираче низ бугарскиот Парламент.

“Пратениците се занимаваа со сè друго, но не и со важното за Бугарите. Ги продадоа за 30 сребреници, на Велики Четврток“, изјави Борисов.

Одлуката дали Бугарија ќе и додели воена помош на Украина во Народното собрание треба да биде донесена по празниците.

Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени наградите на МИМ за најдобри истражувачки приказни

Редакција

Продолжува штрајкот во училиштата, градинките од утре работат редовно

Редакција

Даравелски треба да остане во Идризово, казната не му застарела

Редакција