еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Даравелски треба да остане во Идризово, казната не му застарела

Извршувањето на изречената казна затвор за Драган Даравелски не застарува со оглед што Основниот суд Куманово по приемот на правосилната пресуда преземал повеќе дејствија, со кои текот на застарувањето на извршувањето на казната е прекинувано, соопшти надлежениот Основен суд Куманово.

Тој во мај 2007 година беше осуден на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања, а пресудата е потврдена и правосилна од Апелациониот суд Скопје од март 2008 година.

–  Согласно чл.109 ст.1 т.3 од КЗ застарување на извршување на казна затвор над 5 години настапува по протек на 10 години од правосилноста на пресудата со која казната е изречена.

Согласно на чл.111 од КЗ застарувањето се прекинува со секое дејствие на надлежен орган, што се превзема заради извршување на казната, а со секој прекин застарувањето почнува повторно да тече.

Основен суд Куманово од прием на правосилната пресуда преземал повеќе дејствија, со кои текот на застарувањето на извршувањето на казната е прекинувано, информираат од Основниот суд во Куманово.

Појаснуваат дека согласно ст.5 од чл.111 од КЗ застареност настапува во секој случај кога ќе помине два пати онолку време, колку што според законот се бара за застареност на извршување на казна.

-Со оглед дека од последното преземено дејствие од страна на Судот нема изминато период од десет години, ниту пак изминало два пати онолку време колку што според законот се бара за застареност на извршување на казна, застареноста не настапила, потенцираат од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Даравелски побара ново судење

За што е осуден Драган Даравелски, кој е уапсен на Табановце

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за економија вработува три лица, плата до 32.868 денари

Редакција

Фатиме Фeтаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски се пријавиле за местото на Јовевски

Редакција

„Да не ги помилуваа 300 години ќе беа“: Твитер за пресудите за 27 април

Редакција