Директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев изјави дека на Клиниката за токсикологија се обратиле 43 лица со симптоми на труење со чад, настанат при пожарот во зграда во Чаир.
Најголем дел од нив се пуштени на домашно лекување, а четворица постари пациенти со потешка клиничка слика се задржани на болнички третман.
Симптоми на труење со чад имале и 12 деца, најмалото на петмесечна, а најголемото на 11-годишна возраст. На Клиниката за детски болести биле задржани две деца, а останатите на барање на родителите биле пуштени дома.
Лекарска помош им беше укажана и на пожарникар и на полицаец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И полицаец побарал помош поради вдишување чад: Детали од МВР за пожарот во зграда во Чаир
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.