Судот синоќа им изрече парична казна во износ од 300 евра и мерка протерување од земјава и забрана за влез во Македонија за период од три години на тројцата бугарски државјани, кои беа приведени вчера на граничниот премин Деве Баир поради нарушување на јавниот ред и мир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерството за внатрешни работи соопшти дека бугарските државјани, 35-годишниот Г.З., 50-годишниот А.Х., и 54-годишниот Р.Х (54), се приведени откако се однесувале дрско и недолично и прво вербално, со најпогрдни зборови, а потоа се обиделе и физички да нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Видео од инцидентот на Бугарите со полицајците на Деве Баир
(Видео) Бугарски пратеник се обиде да исценира инцидент на Деве Баир
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.