Во текот на вчерашниот ден од Итната медицинска помош во Кичево, во ОВР Кичево е добиено известување за повредено лице во атарот на село Вранештица, кичевско и дека при пристигнување на екипа од Итната медицинска помош, без знаци на живот затекнат е З.М.(32) од истото село.
– По наредба на Јавен обвинител извршен е увид при што било констатирано дека З.М. спуштајќи се по шумски пат со трактор натоварен со огревно дрво, загубил контрола врз тракторот и излетал од патот, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.