еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нула минути чекање на граница и една работна дозвола – бараат бизнисмените од Македонија, Србија и Албанија

„Нула минути на граница“, тоа е нашата цел, им порачаа денеска стопанствениците на политичките лидери Зоран Заев, Еди Рама и Александар Вучиќ.

На економскиот панел во рамки на Регионалниот економски форум, бизнис заедницата укажа и на потребата од воевдување една работна дозвола.

-Без нула минути не можеме да бидеме конкуреннти во ЕУ. Од друга страна, скоро 40 проценти од компаниите се жалат на проблеми да најдат квалификувана работна сила во сопствениот систем.

Затоа, не треба да се поедностават само процедурите за работни дозволи, туку треба да се воведе една работна дозвола. Значи, бараме нула минути на граница и една работна дозвола, истакнаа стопанствениците.

Според нив, мора да се создаде перспективва – младите да бараат работа дома, во регионот, наместо да заминуваат надвор.

-Од 2012 до 2019 година 350.000 лица ги напуштиле нашите земји, емигирале. Мислам дека можеме подобро од тоа. Ако зборуваме за перспектива, треба да зборуваме за давање можност да работат блиску до дома, до своите семејства, порача деловниот сектор.

Премиерот Заев во оваа прилика соопшти неколку иницијативи кои се предлог на бизнис заедницата, но за кои, како што потенцира, постои огромна политичка волја да се реализираат.

Најави отворање посебна лента за камиони, поврзување на министерствата за финансии на сите три земји преку единствен софтвер, зајакната соработка и поврзување на МВР – службите за да се спречи еветнуална корупција и криминал при транспортот, увозот и извозот, како и поврзување на младите преку заеднички престој во хотели во некој од туристичките центри како Драч, Охрид, Копаоник, Златибор,…

Со тоа, дополни премиерот, ќе се поттикне и туризмот, односно ќе се пролонгира туристичката сезона што ќе придонесе за јакнење на трите економии.

Заев откри и дека постои идеја за изградба на една од најголемите фотонапонски централи на Балканот.

-Многу други идеи стојат пред нас, а произлегоа од бизнисот. Она што ќе го потпишеме денеска ќе биде само почетна точка за унапредување на економиите. Кога политичкото лидерство е искрено отворено за соработка, можеме да ги развиваме идеите на сотопанските комори, рече премиерот на панелот.

Според него, за да се остранат стотиците камиони на Табановце, Прешево, Ќафасан, треба да направиме две работи – нашите министри за финансии да имаат софтвер кој ќе ги поврзе системите за ДДВ.,

-Тоа е начинот за да се отстрани единствената пречка поради која камионите чекаат зашто фактурите, проверката на документацијата и оданочувањето се можни само со поврзување на софтверот за ДДВ.

МВР службите, пак, треба да ги разменат сите податоци за борба против корупцијата и криминалот. Сите камиони и добра имат царинска процедура каде што почнува транспортот, на границите не прават ништо посебно, затоа треба да ги отстраниме чекањата, а идејата е да имаме „нон-стоп само оди“.

Во однос на туризмот, разгледана е идејата да се поддржат хотелите и рестораните. Идеја имаме и за тоа како да се организираат илјадници деца од училиштата кои ќе минуваат време заедно во хотелите во Драч, Златибор, Охрид, Дојран, Копаоник.

Врските што ќе се остварат ќе останат до крајот на животот. Тоа ќе го направиме и за да ја зголемиме туристичката сеозна (пред и по неа). Тоа може да ја поодорби економијата, но и поврзаноста меѓу луѓето, истакна Заев.

Претседателот Вучиќ уште еднаш, како и претходно во воведното обраќање, го нагласи прашањето на довербата. Важна е заедничката иднина, рече Вучиќ, и резултатите што ќе се постигнат преку соработката.

– Секогаш се потеценуваме. Таквите фрустрации дека некој прави нешто подобро од нас, мора да се  надминат. Мора да веруваме во сопствените сили, да градиме меѓусебна доверба, да станеме партнери, напомена српскиот претседател.

Апбанскиот премиер Рама се осврна на работните дозволи, укажувајќи дека Северна Македонија и Србија треба да го сменат законодавството.

-Србија и Северна Македонија имаат проблем, треба да го сменат законодавството, она што ние претходно го направивме. Зошто граѓаните на ЕУ да доѓаат кај нас и веднаш да им се признаат квалификациите, а луѓето од регионот ја немаат таа погодност.

Затоа нашето законодавство го кренавме на исто ниво и за граѓаните од регионот и за оние од ЕУ. Кој и да дојде од регионот кај нас, ги има истите права како кој било друг од ЕУ, потенцира Рама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фајненшал тајмс“: Балканската тројка промовира „мини-Шенген“ сооочена со одложувањето на членството во ЕУ

Вучиќ: Од јануари 2023 нема да има граници помеѓу Македонија, Србија и Албанија

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Така е кога заедно играат фудбал Македонци, Албанци, Турци… Историскиот пласман на ЕП ја сплоти Македонија: Твитер реакции

Редакција

Османи да ја покани бугарската колешка да клекне пред споменикот во Ваташа и да се извини, повика Мицкоски

Редакција

Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот, му одговори Ковачевски на бугарскиот претседател

Редакција