еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

34-годишен Битолчанец загина во сообраќајна несреќа

Битолчанецот А.Б. (34 г.) го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на патот Битола – граничен премин Меџитлија.

Од СВР-Битола информираат дека несреќниот настан е регистриран кај крстосница од селата Бистрица и Оптичари, кога патничко моторно возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од битолчанецот излетало од коловозот.

На пат за Клиничката болница во Битола, возачот починал.

По наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе треба да плати отштета од 21,5 милиони евра за непочитување на договорот со ОКТА

Редакција

(Фото) Доктори од Итна медицинска помош наместо свадба, сечеа торта со колегите

Редакција

Од денеска поголем број автобуси на ЈСП: Дел од линиите по летен возен ред

Редакција