еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија ќе треба да плати отштета од 21,5 милиони евра за непочитување на договорот со ОКТА

Пресудата на Арбитражниот суд во Париз со кој Македонија ќе треба да плати отштета за договорот за ОКТА, е пристигнат во Владата пред два-три дена и во моментот се разгледува и анализира од страна на адвокатскиот тим ангажиран од Владата.

Виктор Андонов, советникот за енергетика во Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција рече дека адвокатскиот тим од Франција, што го има ангажирано Владата ја разгледува пресудата и дека по завршување на тој процес ќе бидат познати следните чекори што ќе се преземат.

„Адвокаткиот тим, кој е ангажиран од Владата и не застапува, а тоа е „Дехерт“ од Франција, ја разгледува и ја анализира пресудата. По завршување на тој процес, заедно со Координативното тело кое е задолжено за арбитражните постапки, ќе ѝ предложат на Владата соодветни чекори што ќе се презмат во однос на објавувањето на пресудата,“ рече совеникот за енергетика Андонов.

Со донесената пресуда, како што посочи тој, преполовен е износот на отштета што го барала грчката компанија.

„Вкупното отштетно побарување кон С Македонија заедно со каматите за периодот 2008-2011 година изнесуваат 42 милиони и 646 илјади евра. Согласно пресудата, оштетното побарување кое е пресудено од страна на Арбитражниот суд во Париз е за 50 проценти пониско од првичното барање, односно отштетното побарување пресудено од Судот изнесува 21 милион 478 илјади 799 евра, што значи дека нашиот адвокатски тим се изборил за преполовување на бараниот износ,“ рече Андонов.

Станува збор за процес во кој Македонија е тужена страна поради непочитување на обврските произлезени од купопродажниот договор на рафинеријата ОКТА склучен во 1999 година.

Прашан за најавите од грчка страна дека овие средства ќе ги инвестираат во нафтоводот Солун-Скопје, советникот на премиерот рече дека за тоа во моментот не се разговара.

Дел од грчките и француските медиуми објавија дека Арбитражниот суд во Париз пресудил во корист на грчката компанија и дека Македонија ќе треба да плати оштета од околу 25,6 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од партијата на Љубчо Георгиевски за оштета која Македоинија треба да и ја плати на ОКТА виновен е Уставниот суд

Арбитражната пресуда во спорот со “Хеленик Петролеум“ била во наша корист, велат од Кабинетот на Битиќи

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој сè ќе настапи за дочекот на Нова година во Охрид

Редакција

Вакцините „Модерна“ можно е за прв пат да ги добиеме преку Хрватска

Редакција

Доктор Беќаровски за новите мерки: Во лифт се осеќам побезбедно кога се возам со вистински прележан од Ковид-19, отколку со комплетно вакциниран

Редакција