еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 48 пациенти, а вкупно се лекуваaт 668

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 668 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 6 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле бил примен еден нов болен, а четири пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 319 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 37 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 19 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 11 позитивни пациентки,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските историчари прават се за да нема напредок, вели Димитров, претседателот на бугарскиот дел од заедничката Комисија

Редакција

4 лица биле на возраст од 30 до 49 години: Минатата недела од Ковид-19 починале 68 лица

Редакција

Железната ограда околу Владата ќе се тргне, ама бетонските столбови ќе останат

Редакција