еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

35% од луѓето во Македонија се дебели, за прв пат 25 пациенти ќе може да се оперираат од обезност

Од 30 до 35 отсто од луѓето во Македонија имаат веќе проблем со обезност, додека во светот бројката изнесува една милијарда, изјави министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција по повод Светскиот ден на обезноста.

Според проекциите овие бројки, за десет години ќе пораснат за 50 отсто.

Во земјава има два центри за третман на обезност, Градската општа болница „8 Септември“ и Клиника за ендокринологија која што наскоро ќе се дисперзира и во Прилеп.

„Ние како Министерство за здравство, заедно со Фондот за здравствено осигурување, би сакале да се пофалиме дека оваа година веќе ја имаме инсулинската терапија и сето тоа што треба за луѓето со дијабет, веќе е обезбедено и сме во процедура за обезбедување околу 10-20 отсто повеќе. Исто така ќе има третман за пациенти кои што се со дијабет и со обезност, кои што се третираат со специфична терапија.

Оваа година таа бројка ќе порасне за 200 пациенти повеќе, што е релативно голема бројка. Исто така, сензорите во изминатите две години беа за 650 пациенти, оваа година ќе бидат 800 пациенти, што е релативно добра бројка, иако не е сосема доволна, не е само за пациентите, односно децата веќе со дијабет, туку и други пациенти кои што се во ризични групи,“ рече Таравари.

За првпат во државата Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство ќе го покриваат 25 пациенти, кои ќе можат да се оперираат. За оваа цел издвоени се 120 милиони денари.

„Идејата е дека кога постојат силни медицински индикации, не естетски, тука силни медицински индикации, кога тежината не може на ниеден друг начин да се контролира, да се пристапи кон овој начин на интервенција.

Тука треба да признаеме дека веќе дебелината не ја гледаме како естетски проблем, туку како здравствен проблем, и како вложување во здравјето на единките, бидејќи некои од работите, како што е дијабетот не може да бидат апсолвирани без регулирање на тежината,“ рече директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Храната е основата на животот и камен темелник на човековата култура

Редакција

Каков имот пријавил министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу

Редакција

Детален преглед: Во новата година четири продолжени празнични викенди за сите граѓани

Редакција