еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

360 степени: Министерката Сања Божиновска има и бугарско државјанство

360 степени објави дека новата министерка за енергетика, рударство и минерални суровини од ВМРО-ДПМНЕ, Сања Божиновска, освен македонско и чешко, има и бугарско државјанство.

Како што стои во нејзината биографија која неодамна ја објави и еМагазин, таа меѓудругото работела и во групацијата „Руднап“ со седиште во Белград, Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Сања Божиновска, кандидат за министер за енергетика

Од 360 степени го провериле историјатот на филијалата на „Руднап“ во Загреб, кој е бесплатен и јавно достапен запис и на неколку места го сретнале името на Божиновска.

-На ден 6.12.2013 година, кога се правени измени во структурата на компанијата, освен што ѝ е споменато името Sanya Bozhinovska, пишува и дека лицето има матичен број (личен идентификациски број): 38563731070 и број на пасош 382526102, но не на Република Македонија, туку на Република Бугарија. И дека живее на адреса во Белград.

Или, Сања Божиновска, која, според биографијата, тогаш работела за компанијата „Руднап“, во Хрватска била пријавена и се идентификувала со бугарски пасош. А за бугарски пасош, прво е потребно да се обезбеди бугарско државјанство. За некој, пак, да добие бугарско државјанство, треба да се декларира дека се чувствува како Бугарин пред тамошните власти, пишува 360 степени.

Од порталот и се обратиле на Божиновска. На прашањето дали поседувала или дали во моментов поседува бугарско државјанство и зошто не го декларирала во биографијата приложена кон предлогот за состав на новата влада, таа одговорила:

„Што се однесува до вашите конкретни прашања, во мојата официјална биографија е јасно наведено дека сум македонска државјанка и дека поседувам и чешко државјанство. Во врска со тврдењата за бугарско државјанство, сакам да нагласам дека не поседувам бугарско државјанство и сите релевантни информации се транспарентно наведени во мојата биографија“.

-Што се однесува до бугарското државјанство, министерката Сања Божиновска на ниту едно место во одговорот не кажува дали во минатото го поседувала иако и тоа е дел од прашањето, велат од порталот.

360 степени направил дополнителни проверки кои покажале дека Божиновска побарала отпуст од бугарско државјанство во втората половина на минатата година и дека процедурата сè уште не е завршена.

-Преведено, тоа значи дека Божиновска сè уште е државјанка на Република Бугарија, пишува 360 степени.

Информација дека има чешко државјанство во нејзината биографија доставена до Собранието пред нејзиниот избор за министерка нема.

Фото: Божиновска/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските девизни резерви достигнаа 2,8 милијарди евра, од нив 254 милиони евра во злато

Редакција

Американската влада обезбеди 3,1 милиони долари за македонските граѓани за вакцинација против Ковид-19 и спречување на ширење на заразата

Редакција

Учениците и наставникот кои беа во Турција за време на земјотресот, се вратија дома

Редакција