еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фирмата која се поврзува со аудито кое го користел Груби, со еден вработен, лани свртела 4,2 милиони евра, објави 360 степени

Фирмата „Еуро ком лајтинг“, која се поврзува со опожареното Ауди кое го користел првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, со еден вработен, лани свртела 4,2 милиони евра, објави 360 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чие е опожареното возило кое го користел Артан Груби

Нејзина приоритетна дејност е „неспецијализирана трговија на големо“, а како што објави 360 степени, четири дена пред опожарувањето на аудито што го користел Груби, ја сменила адресата на своето седиште, а Беким Лимани, за кого МВР вели дека е сопственик на автомобилот и дека го пријавил инцидентот, станал единствен нејзин газда.

Фирмата постои од 2009 година кога како управител и сопственик е пријавен Суат Аљија.

Во 2010 година, како сопственик се јавува и Хусанмедин Озтурк, додека Лимани во сопственичката структура, но и како управител влегол на 4. август 2011 година. Истиот датум од управител и сопственик е избришан Суат Аљија, пишува порталот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Само Груби не знае дека имал Ауди А6„: Твитер реакции за опожареното возило кое го користел Артан Груби

Крие ли Груби имот: Какво возило пријавил во неговиот анкетен лист

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бизнисот против замрзнување на цените, смета дека државните резерви се подобар механизам

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на владината Служба за општи и заеднички работи за набавка на масло за горење вреден 57.000 евра

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција